Борисов верува дека компромис со Македонија е можен

Премиерот Бојко Борисов жали што Македонија не ги почна преговорите за членство со Европксата унија и уверува дека потрагата по компромис се уште продолжува.

-Нашата позицијата е принципиелна. За жал, нашите пријатели од Скопје не пројавија апсолутно никаква ангажираност во таа сфера. Мислеа дека со притисок и лобирање ќе ја натераат Бугарија да ја промени својата позиција. И пак ќе речам, нашата позиција не е позиција на инат или позиција која ќе ги сопре нашите најблиски пријатели. Таа е принципиелна, изјавил Борисов.

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева обвини дека Македонија само декларативно се залага за добрососедство продолжувајќи со редица неосновани малцински, историски и јазични претензии.

-Решението е во добивање правни гаранции. Со таквиот однос, се чувствуваме принудени и должни, не само принудени, времено да ја сопреме поддршката и согласноста за одржување на првата меѓувладина конференција, се додека не добиеме јасна гаранција за црвените линии во правно обврзувачки документ, нагласила Захариева.

Таа тврди дека на бугарските бизниси во земјата им се правар разни административните пречки, доцнењето на транспортниот коридор 8, како и антибугарскате реторика во медиумите.

Total
0
Shares
Поврзани објави

Ја тепал и давел мајка си

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение…