Бомби во судница за Титаник: Миле Јанакиески главен нарачател за анкети и инспекции и активности на ДИК

Од утринава во Кривичниот суд се слушаат бомбите на СЈО односно доказите за случајот Титаник. Од досегашните слушнати разговори главно се слуша гласот на обвинетиот Миле Јанакиески во кој тој разговара со
Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК. Во разговор од 30 мај 2011 година Јанакиески како министер на Дерковски, кој тогаш бил директор на МЖ „Транспорт“, му вели дека ќе добијат материјали и насоки за денот на гласањето:
„Нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. До 9 да гласаат. До 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а потоа неопределените”. Тој и нарачува листа со конкретни активности за денот на гласањето.
Во следниот разговор, Миле контактира со командирот на сообраќајната полиција во Радовиш, Ѓорѓи, и му вели:
„Имате доста влијание во Конче. Да контактирате таму со нашиот тим и да направите една тура од врата до врата”.
Во разговорите од истиот датум се слуша и гласот на ексдиректорот на УЈП Горан Трајковски од кого Јанакиески бара јаки инспекции во ромско маало во Струмица. „Секој ден да има инспекции таму“, вели Јанакиески. На тоа Трајковски му се жали дека не може на прва да ги затворат дуќаните: „Ни го сменивте законот на втора мајка да затвораме“.
Тој на соговорникот му вели дека Зоран Заев со брашното ќе купувал гласачи во ромското мааало. „Да не мрднат со инспекции дури не ги затворат дуќаните“, нарачува Јанакиески. „Си оди циганот во дуќанот и си зема брашно…“, дообјаснува Јанакиески. „Кажете брашното е канцерогено“, додава ексминистерот за транспорт и врски. Исто така во еден од разговорите јанакиески разговра со аналитичарот Владимир Божиновски кој му ветува нова анкета во изборната единица 4 оти резултатите не биле поволни.

Total
0
Shares
Поврзани објави