Богдановиќ испрати инспектори кај Хотел Плаза каде се гради безправно

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изјави дека градежен инспектор констатирал дека на поранешниот објект на Хотел Плаза повторно се гради без дозвола.

„Општина Центар, денешното незаконско делување од страна на сторителите, ќе го надополни во претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар, на поранешниот објект на Хотел Плаза“, напиша на фејсбук, Богдановиќ.

Во јули годинава, инспектори заедно со полиција интервенираа на градилиштето на поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, за да ја стопираат градбата на објектот.

Тогаш работници за време на викендите изведуваат градежни работи за хотелот иако инвеститорот Борис Стојменов немаше дозвола за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот.

Total
0
Shares
Поврзани објави