Пред малку на својот ФБ профил градоначалникот на општина Центар се извини за постапката на инспекторите кои избркаа жена што малини и ореви за да преживее. Еве што напиша градоначаникот по жестоката реакција на јавноста по објавеното видео се гледа целата ситуација.

Од мое име; и од име на општина Центар, се извинувам за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секоторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.

Веќе наредив да се преземат сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени во најбрз можен рок.

Сакам да нагласам дека ваквото однесување кон граѓаните нема да го дозволам, бидејќи и ние, избраните функционери, но и општинската администрација работиме и ќе продолжиме да работиме во интерес на сите жители на Центар.