Билтен вести: Малолетничка украла бебе од Клиника, родител претепал професор

Професор во Спортската гимназија „Методија Митевски -Брицо” во Скопје бил истепан од татко на ученик кој бил отстранет од час бидејќи со проблематичното однесување ја прекинувал наставата.
Според полицијата, инцидентот се случил вчера претпладнето откако професорот М.Н.(40) повеќе пати го предупредил ученикот да не го нарушува часот со неговото однесување, по што бил отстранет од час. По завршување на часот М.Н. му укажал во иднина да не влегува на час ако планира да ја нарушува наставата, по што ученикот му се заканувал на професорот. Тогаш реагирало обезбедувањето, и ученикот бил отстранет од училиштето.
Во 12.10 часот во училишниот двор професорот го забележал родителот на ученикот кој го повикал да зборуваат. Откако професорот кажал дека неговиот син бил проблематичен и дека другите ученици поради него не можат да следат настава, таткото го нападнал професорот.

Вчера во 21:45 часот, 41-годипната Р.З. од Скопје пријавила дека околу 13:30 часот додека не била присутна во Клиника за детски болести во собата каде престојувала со нејзиното малолетно дете во моментот кога се вратила во клиниката забележала дека нејзиното дете го нема.
Истата се упатила кон вработените кои и кажале дека 17 годишна мајка која лежела на клиниката со нејзиното дете и истата не била осигурана избегала од клиниката за да не ги плати трошоците и од нејзина страна е земено и детето на пријавителката. По кратко време била контактирана од домашните кои и посочиле дека 17 годишното лице дома го донела нејзиното дете.

мвр билтен

Total
0
Shares
Поврзани објави