Билка: Секој граѓанин по три стебла канабис

Секој македонски граѓанин да може да одгледува максимум до три стебла канабис за рекреативни цели. Ова е предлог на Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“, со кој се бара легализација и декриминализација на марихуаната.

Здружението бара измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и Кривичниот Законик.

До десет стебла канабис треба да се дозволи за медицински цели за лица кои имаат дијагнози кај кои канабисот може да помогне.

Според нив, треба да се прошири листата на заболувања каде може да се препише канабис, оти сега е ограничена само на канцер, мултиплекс склероза, епилепсија и ХИВ.

Владата е отворена да разговара за иницијативите за легализација на канабисот, а премиерот Зоран Заев вети отворена дебата за тоа.

Total
0
Shares
Поврзани објави