Машко тело во фаза на распаѓање денеска е пронајдено во поранешната сендвичарница „Густав“, на Ул. Дрезденска во Скопје.

Идентитетот на починатиот сѐ уште не е утврден, се претпоставува дека станува збор за бездомник кој престојувал во некогашната сендвичарница, бидејќи во просторијата имало импровизиран кревет.