Берлин прави сѐ Скопје да ги почне преговорите до крајот на годината

Германската амбасадорка Анке Холштајн вели дека германското претседателство со ЕУ има јасна цел до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Амбасадорката Холштај смета дека ќе биде неуспех за Германија како претседавач со ЕУ ако тоа не се случи.

„Работиме напорно да се одржи меѓувладината конференција и ние сме оптимисти дека ќе успееме да ја достигнеме оваа цел“,изјави Холштајн.

Таа вели дека 10 ноември е последна шанса за прифаќање на преговарачката рамка до кога Берлин ќе направи сѐ за да се случи тоа.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мицкоски: Личност која го велича Путин е предлог на власта во работната група за уставни измени, и истата ќе ја плаќаат со народни пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали очекува исход од работната група за уставни измени ако…