Берлин бара историјата да им остане на историчарите

Германското Министерство за надворешни работи одбива директно да го коментира бугарскиот меморандум за преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Димитров вели дека јазикот не е прашање на било чие признавање.

„Формулата на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, според која историјата треба да им се остави на историчарите, останува валидна”, одговараат од германското министерство за надворешни работи на прашањето на Дојче веле за коментар на бугарскиот меморандум. Одговорот е всушност упатување на интервју на директорката на одделението за Западен Балкан во германското МНР, Сузане Шулц за Балкан Инсајт од август годинава.
„Обете земји треба да ги решаваат отворените прашања во рамките на билатералниот договор, односно во комисијата на историчарите“, вели Шулц. Таа очекува дека претстојното ко-претседателство на двете земји со Берлинскиот процес ќе биде уште една можност да се надминат билатералните недоразбирања.
Германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн денеска во интервју за Радио Слободна Европа порача дека, според мислењето на нејзината но и на други земји-членки на ЕУ, „билатералните спорови не треба да се ставаат во преговарачката рамка“.
„Билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално“, вели Холштајн.

Total
0
Shares
Поврзани објави