Белата куќа: Бајден нема да се воздржува на средбата со Путин – ќе зборува отворено

Портпаролот на Белата куќа Џен Псаки изјави дека американскиот претседател Џо Бајден ќе биде отворен на претстојната средба со рускиот лидер Владимир Путин.

Таа одговори на новинарско прашање дали самитот на двајцата лидери ќе биде „незгоден“ по скандалозното интервју на Бајден во март, кога тој го нарече својот руски колега убиец и ѝ се закани на Москва дека ќе плати за „мешањето“ во американските избори.

„Претседателот Бајден го познава претседателот Путин веќе подолго време. Тој никогаш не се двоумеше да ги изрази своите стравови или загрижености кога однесувањето на Русија не беше во согласност со демократските вредности. Бајден сигурно ќе биде отворен за тоа и на претстојниот состанок“, објасни портпаролката.

Како што истакна таа, „не станува збор за пријателство, ниту за доверба“.

„Станува збор за она што е во интерес на Соединетите држави. Според наше мислење, тоа е чекор кон постабилни и попредвидливи односи“, објасни Псаки.

За потсетување, Владимир Путин и Џо Бајден ќе се сретнат во Женева на 16 јуни.

Total
0
Shares
Поврзани објави