Бебето старо само неколку дена, што синоќа битолчанец го пронајде пред Домот за доенчиња, не било родено во битолската болница, потврдуваат за апла.мк од Центарот за социјални работи во Битола. Апла дознава дека најверојатно бебето било родено во прилепската болница, но полицијата го истражува случајот.
Веднаш откако битолчанецот З.Б. (50) го пријавил случајот, полицијата заедно со социјален работник излегле на местото на настанот, а бебето веднаш било однесено во одделението за неонатологија во Клиничката болница во Битла
Станува збор за женско бебе, а според папочната врвка, се претпоставува дека е старо само неколку дена. Истот така, според алката со број што ја имало на раката, утврдено е дека не е родено во битолската болница, а полицијата истражува од кој град е донесено во Битола, затоа што сепак, породувањето било извршено во болница.
И од полицијата потврдуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, а додека трае истрагата, бебето е сместено во Домот за доенчиња во Битола.

фото : апла.мк