Багери и камиони им го расипаа одморот на туристите во Струга

Работата на багери и камиони во Охридското езеро кај Струга им го расипа мирот и одморот на многубројните туристи во центарот на градот. Реагираат и хотелиерите и локалните угостители. Сметаат дека активностите за чистење на наталожениот езерски материјал на испустот на реката Црни Дрим, требало да се реализира подоцна, а не сега кога поради топлото време е продолжена туристичката сезона, а следува и продолжен празничен викенд.

„Мислам дека времето на почетокот на копањето е малку згрешено… Не може да лежите на лежалка и да одморате, а да слушате звуци на градежни машини. Кога беше корона вирусот немавме гости, а сега имаме гости кои не се задоволни и ќе треба да си одат“, реагира Крсте Блажески-менаџер на хотел во Струга.

Но, од општина Струга велат – сега е најдоброто време за вакви активности.

„Општина Струга се извинува на граѓаните и посетителите поради овие активности на почетокот од септември, но поради очекуваната дождовна сезона, итноста за чистење на коритото кое не е исчистено од изградбата наваму, овој период се наметнува како единствена и најдобра можност за реализација на овие активности“, наведуваат од општината.

Инаку, хотелиерите и угостителите во Охрид и Струга се надеваат дека стабилното време ќе потрае уште некој викенд за да можат што повеќе да ја надоместат големата финансиска загуба поради коронавирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Груевски најави враќање?

По повод свеченото пуштање на автопатот Скопје Штип екс премиерот Никола Груевски на својот ФБ профил детално напиша…