Нов инцидент се случи на автопатот Скопје Тетово. Според првичните информации нема повредени а автобусот е застанат покрај патот. Се работи за автобус сопственост на скопска агенција за превоз на патници. Првично автобусот во движење почнал да чади , возачот успеал да застане а патниците брзо го напуштиле и стојат покрај граничникот на автопатот.

Подоцна се очекуваат повеќе детали.

фотографијата од местото на настанот е сопственост на : lajmpress.com