Американскиот Сенат ја потврди кандидатурата на Аврил Хејнс за директорка на американското национално разузнавање. За нејзината кандидатура гласаа 84 сенатори, 10 беа против.
Хејнс е првата жена на таа фукнција.
Таа беше номинирана од претседателот Џо Бајден во ноември 2020 година, по неговата победа на претседателските избори во САД. Таа е првиот кандидат на Бајден за владина функција што добил одобрување од Сенатот на САД.