Арбен Зибери: На Филипче не му е за границите, туку зашто чичко ми е кандидат за премиер Албанец

Причината зошто така бурно министерот за здравство Венко Филипче реагираше на мој приватно објавен Фејсбук статус, е тоа што чичко ми Насер Зибери е кандидат за премиер Албанец, а не тоа што сум напишал дека границите се отвараат без тестови и без карантин, изјави за „Слободен печат” директорот на ЦЈЗ Скопје Арбен Зибери.

Точно е тоа што Филипче го тврди, дека не сум член на Комисијата за заразни болести официјално. Но, многу пати сум присуствувал на нивните состаноци и сум придонесувал, а нашата институција има свои редовни претставници во Комисијата. Јас бев запрепастен. Не ја ни гледав прес конференцијата, туку новинарите почнаа да ми се јавуваат. А запрепастен сум, зашто ние толку професионално ја вршиме работата во Центарот за јавно здравје Скопје, до толку што министерот сам ме фалел. Многу непотребно влегоа во ова. А зошто да бидам разрешен? За приватен Фејсбук статус во кој што не сум изнел ниту една лага? Ова е смешно. Ова не е за границите, туку за чичко ми Насер, којшто е кандидат за премиер Албанец, значи, ова е политичка пресметка со чичко ми, врз мој грб. А инаку, со Филипче, имаме многу коректен однос, постојано соработуваме и си помагаме во работата, изјави Зибери.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Го убила мажот со секира

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело…