Аранутовиќ на македонски јавно се извини за инцидентот

Одличниот шпиц кој играше за Интер и Вест Хем а сега настапува во Кина за Шангај Порт, од клупата за резерви го почна мечот, па во вториот дел влезе во игра и во финишот во 89’ минута постигна гол за решавачки 1-3.

Во ист момент почна да му дофрла и да го навредува нашиот бек Езџан Алиоски додека капитенот Алаба му ја затнуваше устата, но сега вели дека жали за бељата. Капитенот Алаба го брани дека најверојатно бил нервозен зошто не го почнал мечот со стартните 11.

„Јас не сум расист и никогаш нема да бидам. Во тој момент тоа беше борба на зборови поради пресилни емоции. Имам пријатели од цел свет. Жал ми е поради инцидентот и се извинувам. Ајде да заборавиме на тоа зошто не е дел од фудбалот“, додал Арнаутовиќ во денешното обраќање до новинарите. 

Седумката на Австрија после мечот му пријде на Алиоски, си пружија рака и ја смирија тензијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави