Апелација за два дена ќе одлучи за притворот на Јанакиески и Божиновски

На 13 ноември обвинетиот, Миле Јанакиески, се спремаше да бега. Ваквите околности дека подготвува бегство ги дознавме од органи надлежни за прибирање такви информации, рече обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, повикувајќи се на службената белешка од УБК на денешната јавна седница во Апелација.

-Тогаш Кривичниот совет утврди опасност од бегство но за да се избегне опасноста донесе решение да му се одреду мерка на претпазливост – рече таа. Наспорти тврдењата на одбраната, Стефанова рече дека решениото на Кривичниот совет за притвор е законито и издржано.

-Не е точно дека не сум кажал што било тема на разговорот. Кажав што разговаравме со претседателот а тоа беше кажано и со неговиот допис каде точно е опишана темата на разговор. Повторувам не треба дејствата на едно лице сообвинител да бидат поврзани со мене – рече тој алудирајќи на бегството на Никола Груевски.

Во своето обраќање адвокатаката Сања Алексиќ бранител на Кирил Божиновски рече дека Божиновски немал намера да бега од причина што е татко на две малолетни деца, едно на возраст од 1 година и 10 месеци, а другото на возраст од три години.

Од друга страна, тој, како што рече Алексиќ, треба да се грижи за болната сопруга на која и е дијагностицирано воспаление на жлездите како последица на стрес.

-Неговата сопруга е со лоша здравствена состојба, на нејзе и е потребен сопругот да се грижи за неа затоа што нејзините родители се во Кичево, а неговите во поодмината возраст – рече Алексиќ и достави медицинска документација пред судот.

Total
0
Shares
Поврзани објави