Анонимни писма од обвинители и вработени во СЈО-сомнежи за неправилности со делење предмети и надоместоци

Државниот завод за ревизија влегува во Специјалното јавното обвинителство, информира тв 24. До ревизорите биле испратени неколку анонимни писма од обвинители и вработени во кои се жалат на начинот на кој се делеле предметите, но и надоместоците кои ги добивале обвинителите. Контролата веќе била планирана како дел од тематската ревизија за годинава, да бидат проверени сите обвинителства, судови и правосудството, па не било проблем да се вметне и оваа контрола на СЈО. Ревизорите се воздржани од давање детали што точно ќе бараат кај Специјалното обвинителство.

Сега не можеме да кажеме што ќе гледаме зашто се работи за тематска ревизија со различни теми. За тоа одлучуваат нашите ревизори по првичната анализа. Некаде ќе ги гледаме човечките ресурси, некаде финансискиот дел, некаде делење на предметите. И да ги видиме капацитетите на судство, правосудството, обвинителството и Народниот правобранител – Насер Адеми, заменик државен ревизор.

Ревизорите деновиве со писмо ќе се најават во СЈО, како и кај сите други обвинителства, но се воздржани од тоа што може да ги очекува таму, со оглед на тоа што институцијата остана и без обвинители и без прв човек.

извор : 24vesti.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Воз удри во автомобил кај Кондово

Автомобил марка „ситроен“ изутринава заврши под локомотива ма македонски железници додека поминувал преку пругите кај скопското село Кондово.…