Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичката идеологија во Северна Македонија, со оваа реченица Амбасадата на САД ги информира своите државјани за можност од терористички напад.

Терористичките организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера да ги напаѓаат цивилите, вклучувајќи ги и државјаните на САД кои патуваат во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи за насочување на народот на јавни места, вклучувајќи ги и пиштолите, возилата и оружјето, се вели во информацијата на амбасадата на САД.