Американци во Криволак ќе обучат македонски војници

Во периодот од 19 август па се до 25 септември во Македонија ќе присуствуваат 170 војници од САД и 10 војници од Полска, кои ќе ги обучат македонските војници, информираше Владата.

За таа цел Владата донесе и одлука, со која се дозволува влегување и претстој на на странски вооружени сили на територијата на земјата заради изведување на вежбовна активност.

„Одлуката се однесува на одобрување на влез и престој на 170 припадници на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 10 припадници на Вооружените сили на Република Полска од составот на КФОР, со возила, вооружување, материјално-технички средства и опрема, заради изведување на вежбовна активност-реализација на гаѓања и заедничка обука со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кое ќе се изврши на Армискиот полигон Криволак, во периодот од 19 август 2020 година до 25 септември 2020 година“, информираат од Владата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави