Али Ахмети осомничен во предмет на СЈО , со Груевски спречиле попис за да останат на власт

Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Како што рече на денешната прес конференција обвинителката, Фатимe Фетаи, Груевски и Ахмети се сомничат дека се договориле да го прекинат пописот во 2011 година за да се задржат на власт.

На тој начин, рече Фетаи, двајцата осомничени го оштетиле буџетот на државата за 175 милиони денари. Груевски и Ахмети се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Доказниот материјал упатува на сомневање дека во месец октомври во 2011 година, осомничените ги искористиле своите овластувања и како одговорни лица, претседатели на политичките партии, ја злоупотребиле својата функција и го оштетиле буџетот. Постои сомнение дека со цел како владејачка коалиција да го сокријат фактот дека немаат политички капацитет да организираа реален попис, како и да ги сокријат неповолните факти за демографската и економската сотојба што резултирало со огромно иселување на работоспособното насленеи. Помеѓу 10-ти и 11-ти октомври осомничените се договориле да го стопираат пописот на населнието – појасни обвинителката Фетаи. Двајцата се договориле на јавноста да и се каже дека нема попис од технички причини.

Total
0
Shares
Поврзани објави