Адвокатот Рауфи: Некои членови на Кумановската група можат да бидат ослободени по еден месец -Јанева вели нема бомби за случајот

Адвокатот Насер Рауфи, кој ги бранеше некои од членовите на кумановската група, во интервју за Лајм.Тв ги објаснува своите очекувања од сослушувањето на Апелациониот суд за овој случај, закажан за 16 и 17 мај.

Ако се оди добро, Рауфи вели дека одлуката на Апелациониот суд мора да биде донесена во рок од еден месец. Тој споменува три можни опции за тоа како може да се одлучи: да го врати случајот на почеток, да ја приначи казната на обвинетите или да ја потврди првостепената пресуда.
Ако случајот се врати во прв степен, според него, членовите на Кумановската група треба да се бранат од слобода, бидејќи нема причина и понатаму да продолжат со и онака предолгиот притвор.

На новинарско прашање денеска специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева појасни дека предметот Диво насеље е во предистражна постапка но со оглед дека немаат бомби за случајот тешко ќе воспостават надлежност.

Пpeдиcтpaжнa постапка има, но ќе биде многу тeшko да се вocпocтави нaдлeжнocт. Пpaшањето е дали и вooпшто СЈО ќе може да го пpeзeме овој предмет, вели Јанева.

Total
0
Shares
Поврзани објави