„Нашиот закон за кривична постапка, воопшто не дозволува адвокат за сведоци. Ова е опасен преседан кој се чини исклучливо за Катица Јанева, вели адвокатот Јанаки Митровски, во изјава за „Трибуна“, дадена во врска со вчерашното појавување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Потсетуваме дека вчера Јанева и покрај тоа што беше повикана од Русковска како сведок, да даде изјава за аферата „Рекет“, таа на сослушувањето појави со адвокатОТ Стеван Павлески, кој истовремено е адвокат и на осомничениот Цветан Панделески во случајот „Империја“.

„Адвокат е предвиден за осомничен/обвинет или евентуално оштетен. Сведокот треба да присведочи што узнал со своите сетила, чуму му е адвокат? Ова претставува двоен аршин на Обвинителството и тоа е факт. Дали Катица очекувала да и се смени статусот, тоа е прашање за нејзе, но не е можно тоа да се случи во текот на самиот распит, односно да биде повикана како сведок и да стане осомничен. Имајќи ги во предвид нејзините ограничени капацитети, чисто се сомневам дека Катица го знае ова“, вели адвокатот Митровски за „Трибуна“ .