Адеми: Ако има услови од септември ќе се отварат училиштата

Нема амбиција, онлајн-учењето да го замени традиционалниот начин на спроведување на образовниот процес, бидејќи такво нешто е недостижно, вели министерот за образование Арбер  Адеми во очекување на одлуката за тоа како ќе се одвива наставата од 1 септември.

Адеми во изјава за Алсат М вели дека моделите што веќе ги подготви Министерството за образование ќе бидат разгледани уште еднаш на состанок на Комисијата за заразни болести, која денеска одржува состанок, но одлуката ќе ја донесе Владата и двете министерства- за образование и за здравство.  

Министерот Венко Филипче вчера изјави дека став на Комисијата за заразни болести е учебната 2020/2021 да почне онлајн, освен за учениците од прво одделение, поради неизвесноста од она што не очекува со ковид-19. Според Филипче, многу ризично е да се дозволи децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија.

Тој став на Комисијата Филипче го презентирал и на вчерашната седница на Владата  на која било дискутирано за почетокот на учебната година, но не беше донесена одлука за конечниот модел како ќе се одвива наставата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави