Вандали ноќеска дивееле на Градското шеталиште во Битола, буквално уривајќи канделабри. Сликите кои утрово ги затекнаа битолчани

кои редовно рекреираат на овој дел од Шеталиштето се крајно деструктивни и разочарувачки. Од металните столбови се откорнати неколку канделабри и полегнати на плочките, оштетни се и други  кои најверојано насилниците  не успееале да ги совладаат. Дури се откинати и жиците од напојувањето со електрична енергија.  Дивеењето и правењето неред и безредие на Шеталиштето е се почесто и  со поголема штета. Пред некој месец апла.мк објави слики за неред и дивеење на млади на Ќумурното игралиште во Битола.

set 2

set 1

set 3

фото текст : Apla.mk