200 македонски граѓани стигнуваат на Деве Баир – беа заглавени на границата меѓу Унгарија и Србија

Ве молам не патувајте, неизвесно е кога може да се врати. Состојбата се менува од час во час. Се затворат граници за странци , се затвораат аеродроми. Апелирам сите оние кои имаат регулиран престој во странство , да не доаѓаат во татковината. Да ги следат упатствата на сите Влади. Имаме неколку повици од Виена, од Загреб од Њујорк, има разни ситуации има и луѓе со мали деца. Ние се ќе правиме да ги донесеме дома, но немаме контрола над туѓи граници. Оние 200 кои утре рано наутро ќе стигнат на Деве Баир беа заглавени на Унгарско – Српската граница се дел од оние кои остана на меѓуграничниот премин. Мораше преку нота преку Белград со таблички на автомобили со податоци на патници со имиња со се комплет да бараме хуманитрен конвој.

Се затвора и шенген зоната- барем сега е во најава, тоа покажува колку се е неизвесно. Да видеме смирени, мораме да најдеме решение за сите, но повторувам дека граничните премини не се во наша надлежност.

изјава Никола Димитров – министер за надворешни работи

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…