Данило Вучиќ, син на српскиот претседател Александар Вучиќ, е заразен со корона вирус.

Кога сето тоа започна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првороден син е заразен со коронавирус. Неговата клиничка слика беше таква да мораше да биде примен на Клиниката за инфективни болести. Сине, ќе победиш. Те сака тато, сите те сакаме, вели Вучиќ во објава на неговиот профил на Инстаграм.

Данило Вучиќ е најстарото дете на претседателот Александар Вучиќ, од бракот со новинарката Ксенија Вучиќ.