100 нови случаи на морбили , две деца во животна опасност

Нови 100 сличаи на заразните мали сипаници морбили се регистрирани само минатата недела.  Здравствената состојба на четворица, од кои две деца, што се лекуваат на Инфективната клиника е алармантна, потврдуваат од Клиниката.

Од морбили на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 31 пациент, од нив 15 се деца. Со тешка клиничка слика се две деца, но и двајца возрасни, е дел од неделниот извештај за Клиниките во кои дел е и Инфективната клиника. Прогнозите се дека бројот на заболени и ќе се зголемува.

Освен во главниот град епидемија е прогласена во Тетово, Куманово и Гевгелија, а случаи на мали сипаници се регистрирани во 19 градови во земјава, освен градовите државата не прогласува епидемија.

На апарати за дишење поради компликации од свинскиот грип на Инфективна клиника се двајца повозрасни пациенти, а од појавата на грипот починаа 22 пациенти.

Total
0
Shares
Поврзани објави