ВИДЕО од полетувањето на хеликоптерот пред да се сруши на сопственикот на фудбалскиот гигант Лестер

https://youtu.be/2On58NfaSXg

Уште нема официјални потврди кој се бил во хеликоптерот, но се тврди дека биле само Шривадханапрабха и пилотите, а не и ќерката на сопственикот на Лестер како што се тврдеше претходно, ниту пак спортскиот директор на клубот.

Сведоци на несреќата велат дека малку недостасувало хеликоптерот да се сруши и на некоја од трибините на стадионот каде се уште имало луѓе.

„Хеликоптерот се вртеше неколку пати и потоа падна како камен. Членовите на првиот тим со солзи истрчаа надвор. Тоа беше огромен пламен и силна експлозија. Не верувам дека некој што бил во хеликоптерот би можел да го преживее тоа“ – тврдат сведоци на несреќата.

Но, дел од англиските медиуми пишуваат дека сопственикот на Лестер и пилотите се живи но со тешки изгореници. Сепак, ништо од сето тоа не е официјално а се уште се чека официјална информација од англиската полиција.

60-годишниот Шривадханапрабха, милјардер од Тајланд и 378. најбогат човек во светот, на секој домашен натпревар на Лестер доаѓа и заминува со приватниот хеликоптер.

Total
0
Shares
Поврзани објави