ВИДЕО: Кражба во елитен хотел на Плоштад во Скопје сред бел ден

Вчера во Скопје се случила кражба во елитен хотел кој се наоѓа на Плоштадот во центарот на градот. Крадецот е снимен од безбедносните камери на кои се гледа како слободно влегува оди зад пултот на рецепција зема телефон и ладнокрвно полека излегува. Кражбата се случила сред бел ден во хотел кој е еден од нај елитните и во кој се сместуваат богати гости. Ваквите дрски кражби во Скопје според кажувањата на Скопјани се се почести. Пред извесно време досие.мк извести за група момчиња кои крадат златен накит од жени на Партизанска исто во делот околу Плоштадот и кон населбата карпош, но од полицијата на ограбените им велат дека ги знаат и дека тоа најчесто се домски деца кои не ги ни бараат.

Total
0
Shares
Поврзани објави