Момчето со големо срце и челична волја, дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид, кој утрово го започна подвигот за препливување на Охридското Езеро, во моментов се наоѓа кај Горица 3 и полека се доближува до Охрид. Се држи одлично покрај северниот ветер и бранот, кој значително ја намали силата од утрото.
Плива константно со 60 зафати во минута, физички и психолошки е исклучително стабилен, што е од голема важност за ваков подвиг вели медицинскиот тим кој го прати Марко заедно со екипа на Црвениот крст, OhridNews и уште еден пратечки чамец во кој се таткото и неговиот брат.
Подвигот на храбриот пливач Марко е дотолку поголем ако се земе во вид дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но како што вели, тоа не му претставува пречка да го оствари својот голем сон, да го преплива Охридското Езеро.

Испливани 16 километри. Марко продолжува со подвигот за препливување на Охридско Езеро.

Posted by ohridnews.com on Tuesday, August 28, 2018

Марко Пејчиноски кој утрово започна да го препливува Охридското Езеро, во моментов се наоѓа помеѓу Заум и Трпејца. Засега му оди одлично, иако временските услови не се најидеални, Дува северен ветер и има бран.

Posted by ohridnews.com on Tuesday, August 28, 2018

Марко пристигнува на целта

Posted by ohridnews.com on Tuesday, August 28, 2018

сторијата видеата и насловната фотографија се сосптвеност на охридскиот портал : Ohridnews.com