Член на обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска направил сообраќајка со службено возило, на регионалниот пат Куманово- Свети Николе, дознава „Нетпрес“.

Станува збор за лицето Ј.Н. од обезбедувањето на Спасовски, а според фотографијата која што ја доби редакцијата на „Нетпрес“, службеното возило „Ауди А6“ кое тој го управувал, се судрило со цистерна.

netpress