Грчките медиуми со кратка снимка од вечерата Заев – Ципрас во ресторан Камник

Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица, заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас и неговата партнерка Бети Базиана, за време на престојот во Скопје по завршувањето на набиената дневна агенда, заминале на вечера во винаријата Камник, објавија грчките медиуми.

Ципрас и Базиана останале до полноќ односно се вратиле во Грција околу еден час по полноќ.

Ципрас е првиот грчки премиер кој ја посети земјава. Неговата еднодневна посета опфати потпишување бројни договори за соработка меѓу двете Влади, учество на бизнис форум, а вечерта била завршена со кратка прошетка и вечера во винаријата.

Грчките медиуми забележуваат дека Заев го следел стилот на Ципрас и на вечера се појавил без вртоврска.

Total
0
Shares
Поврзани објави