ФОТО : Најдени 193 стари артилериски гранати во с. Богородица

Врз основа на пријава од граѓани, на 26 април 2018 година, 4 вработени од Подрачното одделение за заштита и спасување од Струмица, во атарот на с. Богородица, општина Гевгелија, извадија неексплодирани убојни средства ( НУС) и тоа 193 артилериски зрна калибар 120mm, останати од 1. светска војна.
Исто така, во близина на браната “Паљурци” извадена е 1 граната калибар 205mm, исто така од 1. светска војна.
Вкупна тежина на пронајдените НУС е околу 2700 kg.
Акцијата е реализирана во период од 08.00 -18.00 часот.
Дирекцијата за заштита и спасување продолжува активно да ги спроведува своите надлежности, во интерес на безбедноста на граѓаните на Република Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави