50-тина луксузни олдтајмери и 20-тина моторцикли од Македонија и соседните земји денеска беа изложени во скопската населба Аеродром На настанот „Skopje Classic Day“.

Сите возила се постари од 35 години што е основен услов за да се класифицираат како олдтајмери. Дел од сопствениците велат дека им било потребно и до три години за да ги подготват своите возила, а повеќето велат дека никогаш не би ги продале олдтајмерите, без оглед на понудената цена.

Организатори на оваа несекојдневена изложба се Игор Стефановски и Благоја Петровски, кои неодамна во Скопје по трет пат го организираа „Distinguished Gentleman’s Ride“.

Сепак посетителите беа воодушевени од моторите од кои некои прв пат се прикжуваат на изложба.