ВИДЕО: За деца од битолски Баир нема таблети за онлајн настава – губат училишни години

Мамедова Џинглиза е мајка на пет деца. Две од нив се повозрасни и веќе го започнале образовниот процес. Едното е трето одделение и посетува настава во училиште, но другото е петто одделение и седи дома. Но откако започна учебната година, не е дел онлајн учењето на далечина. Причина за тоа е немањето таблет или компјутер.    

– Од каде таблет? За сите има таблет, за моето девојче не. Буквално сите во одделението зедоа таблети, но, не и ние. А, наставничката вели дека треба да се прикличи за да учи. На што да се приклучиме? Дека немавме интернет дома и не ни дадоа, иако во два наврати се доделуваа вакви уреди. Ако нема, таблет нема ни да учи, ова ќе биде втора изгубена година за моето дете, вознемирено говореше пред камера младата Илиза. 

Случајот го потврдуваат и од невладината организација „Баирска светлина“. Од таму сметаат дека онлајн наставата за ромската заедница е голем предизвик.  

– Тие нема да можат да ја следат онлајн наставата. Најголем дел од нив немаат таблети и компјутери. Самите луѓе се недоволно едуцирани за да ги сфатат насоките како да ја инсталираат таа платформа. Има деца кои немаат добиено опрема, иако одредени организации доделуваа таблети за деца од социјално ранливи категории, смета Ремзи Медиќ.

Според Медик, државата и  невладините организации би требало да се координираат, за да можат да ги покријат сите тие деца да следат настава. Во спротивно, стравува дека и оваа учебна година ќе биде пропадната за децата од ромската националност.


Ајровски: Живееме во една соба, без вода и канализација 

Импровизираната куќа на 60-годишниот Живко Ајровски е само една од десетиците сместени во височините на битолската населба Баир. Ајровски е инвалид, со сериозни повреди на десното око, устата и нозете. И покрај тоа што поднел барање за нега, институциите го одбиле. Без буквално никаква финансиска помош, семејството заработува од земјоделство, берејќи пиперки за други луѓе. Но, покрај егзистенцијалните, Ајровски го мачи и друг проблем – како да одржуваат хигиена во домот немаат прикчучок ниту за вода, ниту за канализација.

– Немаме никакви услови. Куќата ни е една соба, барем да имаме канализација и вода. Пред некој месец пуштија некоја линија, но, најавената вода не ја видовме, нема приклучок. Се снабдуваме со кофи, со бокали ни носат децата и внуците. Позајмуваме од соседите кои живеат долу во Баирот, раскажува Ајровски. 

Но, не е само семејството Ајровски. Таков проблем имаат сите околни куќи. Теренски, Баирот е  пространа и голема населба, во која живее население од мешана етничка припадност, а во најголем дел се Роми. Од невладината организација „Баирска светлина“ велат дека делот каде живеат Ромите е гетоизиран и таму нема инфрастуктира – ни вода ни канализација. За споредба со оној дел каде живеат Македонците, каде ги има сите услови за живеење.

автор: Петар Клинчарски видео: Досие

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Народен правобранител: Образовните институции не беа подготвени за далечинско учење, најмногу погодени социјално загрозените деца —-(Avokati i popullit: Institucionet e arsimit nuk ishin të gatshme për mësim në distancë, më të prekur femijët e varfër)

Сите учениции немаа пристап до потребната технологија и интернет за да одговорат на зададените задачи од наставниците, а…
Повеќе

ЕПИ: Расно профилирање на Ромите наспроти економска исклученост на „невидливите“ без документи (EPI: Profilimi racor i romëve krahas përjashtimit ekonomik “të fantazmave” pa dokumenta)

Подигање на свеста за расното профилирање на Ромите и истрага за сите спорни случаи познати во јавноста, но…