Вода и струја добиваат како милостина од соседите. Овие ресурси во својот дом ги немаат одамна. Бидејќи и немаат пари да ги обезбедат. Собирајќи пластика, штипското семејство Мемедови, се труди од петни жили да обезбеди барем доволно количина храна за да го преживее месецот. Состојбата велат е непроменета – ако пред пандемијата било лошо, сега е уште потешко за преживување.

Едноставно, немаме услови за живот. Помош не добиваме од никаде во оваа кризно време од корона.  Јас, сопругот и децата преживуваме со една социјална помош. За работа искуство бараат, без претходна обука, а јас искуство немам.  Треба децата да се прехранат, да им се обезбеди облека, училишен прибор. Поднесовме барање, не добивме таблет. Едното дете кое е петто одделение не следи настава. Донесоа книги, ама ми вели дека ништо не разбира, вели Соња Мемедова.

Од општината вели дека досега не добиле никаква помош. Единствена донација примиле од побогатите Роми. Мемедова стравува и од зимото кое е на прагот, велејќи дека тешко може да обезбеди топол дом во импровизирано живеалиште.

Многу е тешко во вакви услови. Никој ништо не не прашува дали имаме или немаме. Секој дожд кога паѓа, го чувствуваме дома. Времето веќе заладува. Од кај да се снајдеме со дрвја. Се грееме со даски и партали што наоѓам на скршен шпорет. Или евентуално ако некој нешто се сожали да ни помогне, вели Мемедова.

Автор: Петар Клинчарски видео: Досие.мк