Видео: Државата и невладините да се координираат,оти учебната година ќе пропадне за децата Роми

Oд невладината организација „Баирска светлина“ сметаат дека онлајн наставата за ромската заедница е голем предизвик.  

– Тие нема да можат да ја следат онлајн наставата. Најголем дел од нив немаат таблети и компјутери. Самите луѓе се недоволно едуцирани за да ги сфатат насоките како да ја инсталираат таа платформа. Има деца кои немаат добиено опрема, иако одредени организации доделуваа таблети за деца од социјално ранливи категории, смета Ремзи Медиќ.

Според Медик, државата и  невладините организации би требало да се координираат, за да можат да ги покријат сите тие деца да следат настава. Во спротивно, стравува дека и оваа учебна година ќе биде пропадната за децата од ромската националност.

автор: Петар Клинчарски видео Досие

Total
0
Shares
Поврзани објави