Срамно е во 21 век да се нема пристап до вода!

Без вода, струја и без социјална помош, Бирсан Мехмеди од Шуто Оризари неколку месеци наназад се бори како да го прехрани 7 членото семејство, но и да ги заштити од корона вирусот. Дури и во вакви услови, раскажува дека се обидуваат да ги почитуваат колку што можат препораките за превентива од ковид-19, за да не влезе во нивниот дом.

Бирсан Мехмеди жител Шуто Оризари

Не можеме да се затвораме дома, гледаме почесто да бидеме надвор на свеж воздух. Досега, имавме еднократна помош од Црвениот крст, палета со потребните средства за заштита и дезинфекција. Но, тоа не е доволно, одамна заврши. Кога сме во можност, сами се снабдуваме. Ние немаме канти за ѓубре, контејнери или некој редовно да го чисти сметот. Што сакате повеќе – ни одговори Мехмеди.

Освен Црвениот крст, вакви акции изминатиот период спровел и Кризниот штаб при општината заедно со граѓанските организации, со делење на вода, хигиенски пакети и средства за дезинфекција.

За долгогодишната активистка Љатифе Шиковска, социјално најранливите се најмногу затекнати, бидејќи мерките мора да се почитуваат, а проблемите кои беа видливи и пред епидемијата, не може да се решаваат со краткорочни акции. 

Љатифе Шиковска активистка

Срамно е во 21 век да се нема пристап до вода.  Не е работата сега да се донесе вода, треба да имаат секојдневен пристап за нормално живеење. Превенирање и заштита на заедницата се неопходни, бидејќи официјалните бројки иако во општината се минимални во споредба со другите, сепак загрижуваат, смета Шиковска. 

Ваков тип на акции досега имало од политички партии, невладини сектор, фондации, но, значајна улога во помошта одиграла ромската дијаспора, велат од Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. Иако официјалната бројка на болни од ковид-19 во Шуто Оризари веќе една недела е непроменета и изнесува 54,  според неофицијални информации на организацијата, заболените за членови на 3 семејства, кои воопшто и не се наоѓаат на територијата каде живее ромското население. 

автор Петар Клинчарски фото : Досие.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ХЕРА: Институциите на терен да им помогнат на Ромките да ги обезбедат документите за финансиска помош од државата (HERA: Institucionet në teren t‘u ndihmojnë romeve të sigurojnë dokumentat për ndihmë finansiare nga shteti)

Анализа на социо-економската и состојбата поврзана со репродуктивното здравје кај Ромките за време на ковид-19 Високи 67 %…
Повеќе

Видео: Ромската популација феномен во приказната со ковид 19 – структура на население кое е дискриминирано во општеството – со најмалку заразени

Интервју на „Досие.мк“ со спцијалистот по интерна медицина во гостиварската болница, доктор Ариф Пини, еден од ретките Роми…