Корона кризата, генерално, се одрази низ сите слоеви во ромската заедница. Нивните очекувања дека преку летото ситуацијата ќе се врати во нормала, не станаа реалност. Покрај големиот број невработени социјалните случаи, лицата без државјанство, финансискиот удар го трпат и музичарите. Се отворија кафулињата и рестораните, но и по 4 месеци, забратено е одржување на секаков вид прослaви.

Свадбите се единствениот извор на заработка за 43 годишниот гостиварчанец Севаилин Исмаили.  Ситуацијата за неговото семејство ја оценува како тешка, бидејќи немаат никакви приходи, а тековите месечни трошоци заостануваат во подмирувањето.

– Од каде да земам за да платам сметки за струја и вода. Допрва доаѓа зима – греење, зимници. Музиката не е само веселба. Музичарите секога треба да работат. Како ќе ги плаќаме сметките за струја, вода, кабловска, телефони… Ова го зборувам во име на сите музичари. Некои кафани работат со музика, но свадбарите немаат работа. Се профункционира само тие не. Музичарите се во незавидна состојба, вели Исмаили.

Во принцип, летото е период кога низ голем број градови низ државата, па и Гостивар секоја година доаѓаа Македонците од дијаспората да прават свадби. Но, годинава, тоа не се случи.

Според последните протоколи на Комисијата за заразни болести во делот на работата на угостителските објекти, забрането е секаков вид на прослави, односно на свадби, родендени и крштевки.

автор: Петар Клинчарски видео: Досие.мк