Лекарите алармираат за одржување хигиена, а ромските куќи немаат приклучоци за вода и канализација

Немањето детален урбанистички план за локациите во кои живее ромското население во општина Виница е причината за која според Ибраим Салиов од невладината организација „ДИВЕС“ дел од Ромите немаат елементарни услови во време на пандемија. Последиците вели дека се нелегализирани куќи во кои нема можност да се приклучи вода и канализација. 

Сиромаштијата и неработеноста е голема, се живее со собирање а пластички шишиња. Затоа и живеат без одржување хигиена. Ромите се трудат, но немаат услови. Повеќето пати досега сме ги потсетувале градоначалниците, но секогаш имаат изговори, дека невладините сектори повеќе можат да помогнат преку проекти и донации, вели Салиов.  

Според Салиов, помошта од општината изостанала и од почетокот на пандемијата. Хуманоста, како што вели дошла од ромските печалбари низ светот, кои со донации им помагале на најзагрозените семејства.

Во моментот, над ромските семејства, како што раскажува, надвиснал нов предизвик. Мнозинството родители немаат финансиска можност на своите деца да им овозможат да следат онлајн настава. До почетокот на учебата година биле доделени само 16 таблети, а во основното образование во Виница има запишано 130 деца Роми.

И сега повторно имаме проблем, родителите се лутат дека на некое дете е дадено, а на некое не. Кривицата повторно се гледа во невладините оргнаизации. Има недостиг на таблети. Имаме семејства кои имаат само еден телефон, а го сочинуваат пет членови. Со еден родител кога зборував, ме прашува како можам на детето да му го оставам телефонот за онлајн настава, кога мене ќе ме бараат за работа? Децата дефинитивно ќе заостануваат со наставата, дециден е Салиов.  

автор: Петар Клинчарски видео: Dosie.mk Фото: Dosie.mk (Тоалет во ромска населба во Кавадраци)

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео: Ромската популација феномен во приказната со ковид 19 – структура на население кое е дискриминирано во општеството – со најмалку заразени

Интервју на „Досие.мк“ со спцијалистот по интерна медицина во гостиварската болница, доктор Ариф Пини, еден од ретките Роми…