Политичка партиципација, вклучување на помалите етнички заедници во јавната администрација, вработување, ваучери за сузбивање на неформалната заедница кај Ромите. Ова се само дел од потребите и приоритетите на ромската заедница кои треба да бидат дел од програмите на политичките партии за изборите, сметаат од граѓанското движење „Аваја“.

Од таму, уште пред неколку месеци подготвија документ со предлог – мерки, „скенирани“ во еден документ, кој се базира на веќе спроведени консултации во 17 општини во февруари и онлајн дијалози кои од „Аваја“ ги спровеле со 15 општини во текот на мај, при што биле опфатени повеќе од 5.000 Роми.

 Документот уште во февруари бил испратен и до најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и до сите ромски политички партии.

– Како иницијатива остануваме посветени да влијаеме врз работата на сите институции, но и да застапуваме јавни политики кои ќе ја подобрат состојбата на ромската заедница во земјава. Истиот документ треба да послужи како патоказ на сите политички партии, идни пратеници и идната Влада, да го слушнат гласот на народот и соодветно да спроведуваат програми, проекти, инвестиции кои ќе го подобрат животот на ромската заедница, велат од „Аваја“.

Од „Аваја“ велат дека ќе ги следат сите изборни верувања дадени од политичките партии пред ромската заедница.

Од таму бараат и целосна имплементација на законот за решавање на проблемот со неевидентираните лица во матичната книга на родени, 8 милиони евра за поддршка на новата Стратегија за Роми до 2024-та година, обезбедување на учебници за основно образование на ромски јазик, намалување на деца Роми на улица, развој на програма за работа на лица кои немаат свој дом.

Во делот на инфраструктурата, се бара асфалтирање на улиците во сите ромски населби, водоводна и канализациона мрежа, пристап до електрична енергија.

Од „Аваја“ извршиле мапирање на општините и проблемите во секоја општина каде живеат Роми. За повеќе информации, погледнете во документот подолу.

https://online.fliphtml5.com/rqes/qyza/?fbclid=IwAR3j7-0cOsoGDzauTh21egTXPAZGPeYVFCjLWyAdQZTRk0SFUs_r6TyrQEk#p=1