Жители од други места не смеат да продаваат на неготинскиот пазар, за да не се ширел вирусот

Општина Неготино која во изминатиот период стана жариште на корона вирус, вчера донесе одлука со која им се забранува на лицата кои не се жители на општината да продаваат стока на градскиот пазар. Според објавата на градоначалникот Тони Делков, оваа одлука е со цел заштита и спречување на ширењето на вирусот во општината.

Исто така, забрането е и користењето на јавните површини, и тоа паркови, спортски терени, Спомен костурницата, како и не смее да се седи на клупите на градскиот плоштад.

Реакциите на граѓаните по повод овие одлуки се поделени. Додека некои сметаат дека мора да се затвори се, се до стивнувањето на високите бројки на новоинфицирани, други пак тврдат дека овие мерки нема воопшто да придонесат во намалувањето на заразата.

Чести се коментарите кои ги оставаат на страниците посветени на градот, во кои неготинчани бараат да биде дозволено да се шета на отворено, а да се затворат угостителските локали, кои и покрај пикот на вирусот во градот, секојдневно се полни.

-На клупа на градскиот плоштад, на отворено не смееме, а само на десеттина метри од клупите, кафулињата се полни со младина. Во паркови не може, ама затоа пак во кафеани може. Не се постигнува ништо со овие одлуки – реагираат повозрасни граѓани, кои секојдневно минуваат време на градскиот плоштад.

повеќе инфо на Фокус.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави