Зголемена фреквенцијата на граничните премини со Косово

По меѓусебно укинување на ПЦР тестовите меѓу Северна Македонија и Косово на граничните премини значително е зголемена фреквренција на луѓе. 

Според податоците од граничната полиција, од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1500 лица.

-Денес во временскиот интервал 00:00 до 15:00 часот преку граничниот премин Јажинце за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

По излез преку преминот Јажинце,  на територија на Косово се влегува на граничниот премин Глобочица.

Total
0
Shares
Поврзани објави