Во Њујорк уште две деца жртви на воспалителен синдром поврзан со коронавирусот

Вкупно три деца досега починале во американската сојузна држава Њујорк поради редок воспалителен синдром кој се смета дека е поврзан со новиот тип коронавирус, изјави во саботата гувернерот Ендрју Куомо.

Во четвртокот во Њујорк беше регистриран првиот смртен исход кај деца со синдром на системски воспалителен одговор, кој може да биде поврзан со заразата од инфекција. Претходно задравствените власти соопштија дека регистрирани се десетици вакви случаи, што укажува на тоа дека и за децата може да постои потенцијален ризик во пандемијата.
„Има 73 случаи кои во одделот за здравство ги проучува во моментов. Но болеста веќе ги зема животите на тројца млади њујорчани“, изјави гувернериот Куомо на прес-конференцијата/

И во петокот Куомо во петокот пред новинарите соопшти дека лекарите испитуваат 73 слични случаи кои се пријавени во Њујорк, каде што деца покажувале симптоми слични на Синдромот Кавасаки или Синдромот на токсичен шок, во врска со респираторната болест Covid-19 чиј причинител е коронавирусот SARS-CoV-2. Според надлежнте власти во сојузната држава, тоа се главно деца на возраст од една година до школска возраст, односно меѓу 6 и 11 години.

Како што појасни Куомо, кога децата биле примани во болниците, тие не пројавувале симптоми коишто вообичаено се поврзани со коронавируст, особено немаче потешкотии при дишењето.

Челниците на британскиот Национален здавствен систем (NHS) во април испратија предупредување до лекарите во земјата за зголемување на бројот на случаи кога децата се згрижуваат на одделите за интензивна нега со синдром на системски воспалителен одговор, што доведува во болки во стомакот и проблеми во работата на срцето и може да биде поврзано со короанвирусот.

Случаите на ретката по живот опасна воспалителна болест кај деца а поврзана со коронавирусот, првпат беа пријавени во Велика Британија, Италија и Шпанија, а и лекарите во САД сега почнуваат да пријавуваат случаи на деца со такви нарушувања.

Научниците сѐ уште се обидуваат да утврдат дали синдромот на воспаление на ѕидовите на артериите, кој може да предизвика и застој на органите, е поврзан со коронавирусот, имајќи предвид дека не сите деца кои ги имале овие симптоми биле позитивни на тестирањата на коронавирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави