Во кафеана на тераса од денеска ќе се останува до 22.30 часот, а полицискиот час ќе почнува во 23.00

Владата синоќа одлучи полицискиот час од денеска да започнува од 23.00, а да трае до 05.00 часот следниот ден.

Од денеска е сменето и работното време на угостителските објекти кои ќе трае до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи. Автобусите во градскиот сообраќај ќе возат до 23.00 часот.

На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви ковид-19.

Total
0
Shares
Поврзани објави