Во болниците во Њујорк 20 деца со мистериозни симптоми

Повеќе од 20 деца, од кои најмалите имаат две години, се примени во њујоршките болници со мистериозни симптоми на болест, кои до сега не им се целосно јасни на лекарите, а се чини дека имаат врска со коронавирусот.

Како што пишува „Њујорк Тајмс“, четири од децата се позитивни на коронавирусот, а слични случаи има и во Бостон и Филаделфија.

Децата развиле и редок Кавасаки синдром, кој се манифестира со воспаление на артериите од непозната причина или ретка, но сериозна бактериска инфекција, изјави комесарката за здравство на градот Њујорк, Огриз Барбо.

Според неа, доколку состојбата се открие рано, обично нема долгорочни последици, но во спротивно, болеста може да има долгорочни последици врз децата, најчесто поврзани со веќе постоечки проблеми со срцето.

– Четири деца се тестирани позитивно на болеста што ја предизвикува коронавирусот. Единаесет беа негативни, но шест беа позитивни на антитела. Пет деца мораа да бидат ставени на респиратори, но сите сега се добро, рече Барбо.

Лекарите во европските земји исто така документираа симптоми на Кавасаки синдромот.

– Сè уште не сме сигурни какви заклучоци треба да се извлечат, рече градската комесарка за здравство. – Се уште учиме секој ден како се однесува Ковид-19, не само од гледна точка на јавното здравство, туку и од клинички аспект.

Симптомите што треба да се следат вклучуваат висока температура која трае неколку дена, црвенило на очите, осип, болки во стомакот, оток на шаките и стапалата, како и појава на интензивно црвена боја на јазикот и усните, кога јазикот отекува и наликува на јагода по боја и структура.

Исто така, додаде таа, овие симптоми вклучуваат дијареја и повраќање.

Кавасаки синдромот обично се лекува со имуноглобулин и аспирин.

Децата најчесто имаат благи симптоми на коронавирусот.

Барбо вели дека овој вид на вирус во Њујорк се однесува поразлично од оној во Кина.

– Затоа гледаме деца со синдром сличен на Кавасаки, изјави таа.

Според „Њујорк Тајмс“, некои лекари се сомневаат дека реакцијата на овие деца е всушност масовна и штетна реакција на имунолошкиот систем на Ковид-19, што може да биде показател дека опасноста од новиот коронавирус за децата е поголема отколку што се сметаше досега.

Весникот додава дека децата биле примени во болницата претходните неколку дена, но градските власти вчера тоа јавно со соопштиле.

Total
0
Shares
Поврзани објави