Во Битола регистрирани позитивни деца, на возраст од 1 и 4 години

Денес во Битола се регистрирани 5 позитивни лица, на возраст од 1, 4, 38, 39 и 45 години и сите даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани во фамилијарни кластери. Почина едно лице  на возраст од 73 години кое беше хоспитализирано во ГОБ “8 ми септември”- Скопје, информираат од ЦЈЗ Битола

Од контактите на новозаболените, за 8 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација.

Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 63. Денес се регистрирани 4 оздравени лица. Во Демир Хисар денес е регистрирано едно позитивно лице на возраст од 70 години, а од неговите контакти за 2 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација до ДСЗИ. Новорегистрираното лице не дава податок за контакт со друго позитивно регистрирано лице. Вкупниот број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 25.  

Total
0
Shares
Поврзани објави