ВМРО-ДПМНЕ сака да ги надополни мерките на владата против короната

ВМРО-ДПМНЕ бара време да ги разгледат новите мерки на владата против пандемијата затоа што сакаат да ги дополнат со конкретни предлози.

На барање на опозицијата Собранието денеска не расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка.

Со измените се предлага да се озакони задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири, односно едно семејство да смее да прими најмногу четири гости.

Total
0
Shares
Поврзани објави