Власта да ја намали цената на електричната енергија за 20 посто

Коалицијата Алијансата на Албанците и Алтернатива се противат на одлуката на Регулаторна комисија за покачување на цената на електричната енергија и ја повикува власта веднаш да интервенира и да сречи вакво поскапување во услови на пандемија со коронавирусот.

„Повеќе од иритирачки е фактот што нашата држава сè уште игра со судбината на своите граѓани!Зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4% е драстично зголемување што не би се оправдало дури и во нормални времиња, а уште помалку може да се оправда во услови на криза кога граѓаните имаат намалени приходи“, смета коалицијата на АА и А.

Тие додават дека образложението дека зголемувањето се должи на намалените приходи во овој сектор е скандалозно.

„Како земја што се стреми кон Европската унија, ние имаме обврска да се однесуваме во европски дух и да се прилагодиме на европските практики кои секогаш го ставаат Граѓанинот на прво место! Во овој поглед, коалицијата АА-ААА бара цената на електричната енергија да се намали за 20% минимум, со цел да се олесни состојбата на граѓаните додека не се надмине пандемијата“ стои во нивното соопштение. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави